ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (PRIVACY POLICY)
за иницијативата „Diamond Mall – Општествено одговорна иницијатива по повод третиот роденден на Дајмонд мол “
„Diamond Mall: Центар за економско јакнење на жените“

Оваа Политика за заштита на лични податоци објаснува како ние,
Друштво за градежништво, трговија и услуги ЛИМАК ДОО Скопје,
со седиште на ул. „Железничка“ бр. 31, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, со матичен број на субјект 6859127 („ние“, „наш“), ги обработуваме личните податоци во контекст на спроведувањето на иницијативата:

„Diamond Mall – Општествено одговорна иницијатива по повод третиот роденден на Дајмонд мол “
„Diamond Mall: Центар за економско јакнење на жените“ (во понатамошниот текст: „Иницијативата“ или „Програмата“).

Оваа Политика се однесува на личните податоци на:

Заедно, Апликантките и Учесничките се означени како „вие“, „ваши“.

Ние ја почитуваме вашата приватност и сме посветени на заштита и фер и транспарентна обработка на вашите лични податоци, во согласност со правилата за заштита на лични податоци, вклучително и Законот за заштита на личните податоци кој е во сила во Република Северна Македонија („ЗЗЛП“ / „LPDP“).

1. Контролор на личните податоци

Ние ги собираме, чуваме и обработуваме вашите лични податоци:

Ние сме контролор на вашите лични податоци во согласност со ЗЗЛП. Без вашите податоци, нема да можеме да ја спроведеме селекцијата, да комуницираме со вас и да ги реализираме активностите на Програмата.

2. Информации кои ги собираме

Ние ги собираме и обработуваме следните категории на лични податоци за вас:

(a) За Апликантки

Во рамки на процесот на пријавување, можеме да ги собираме и обработуваме:

(b) За Учеснички

За Учесничките, покрај податоците собрани во пријавата, можеме да обработуваме и:

3. Цели на обработка и правни основи

(a) За Апликантки

Личните податоци на Апликантките ги обработуваме:

  1. Врз основа на согласност
  1. Кога ја пополнувате и поднесувате пријавата за учество во Иницијативата, вие давате согласност вашите лични податоци да се обработуваат за целите на:
  1. прием, разгледување и оценување на пријавата,
  2. спроведување фер и транспарентен процес на селекција,
  3. комуникација со вас во врска со резултатите, дополнителни прашања и можности за учество.
  1. Правна основа: член 10 став 1 алинеја 1 од ЗЗЛП (обработка врз основа на согласност).
  2. Доколку одбиете да дадете согласност, вашите податоци нема да бидат обработувани и нема да можете да учествувате во процесот на селекција.
  1. Исполнување на законски обврски
  1. Можеме да ги обработуваме податоците и заради исполнување на законски обврски и постапување по барања на надлежни државни органи (надзорни тела, судови, други институции).
  2. Правна основа: член 10 став 1 алинеја 3 од ЗЗЛП (исполнување на законска обврска).

(b) За Учеснички

Личните податоци на Учесничките ги обработуваме:

  1. За спроведување на Програмата и взаемните обврски
  1. За организација и реализација на обуките, психосоцијалната и правната поддршка, менторството, користењето на Diamond HUB, учество на завршни настани и ЕКСПО, како и за комуникација со вас во врска со сите активности.
  2. Правна основа: член 10 став 1 алинеја 2 од ЗЗЛП (обработка неопходна за извршување на договорен/договорен-подобен однос – учество во Програмата).
  3. Доколку не се согласувате вашите податоци да се обработуваат согласно оваа Политика, нема да биде можно да учествувате во Програмата.
  1. Исполнување на законски обврски
  1. Особено во случаи кога е потребно да се извршат исплати кон вас и/или известувања кон надлежни институции (на пр. УЈП, други органи), или да се постапи по барања на државни органи.
  2. Правна основа: член 10 став 1 алинеја 3 од ЗЗЛП.
  1. Заштита на наши легитимни интереси
  1. На пример: водење евиденции за квалитет и подобрување на Програмата, заштита на безбедноста во просториите, заштита од злоупотреба, согласност и следење на исполнувањето на правилата за учество, евентуално водење постапки за заштита на наши права.
  2. Правна основа: член 10 став 1 алинеја 6 од ЗЗЛП (легитимен интерес).

4. Приматели / категории приматели на вашите лични податоци

(a) За Апликантки

Вашите лични податоци можат да бидат споделени со:

(b) За Учеснички

Вашите лични податоци можат да бидат споделени со:

5. Пренос на податоците во други држави

Во рамки на оваа Иницијатива, не вршиме пренос на вашите лични податоци надвор од територијата на Република Северна Македонија, освен доколку тоа не стане неопходно и не се спроведе во согласност со ЗЗЛП (со соодветни правни основи и заштитни мерки).

6. Рок на чување

(a) За Апликантки

(b) За Учеснички

7. Ваши права

Во врска со собирањето, обработката и чувањето на вашите лични податоци, имате право да побарате од нас:

Исто така, имате право да поднесете барање или претставка во врска со вашите права за заштита на личните податоци до:

Агенција за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија
Веб-страница: https://www.dzlp.mk

Повлекување на согласност (за Апликантки)

Апликантките имаат право во секое време да ја повлечат својата согласност за обработка на личните податоци која се темели на таа согласност.

Повлекувањето на согласноста значи дека ќе престанеме да ги обработуваме личните податоци за целите за кои била дадена согласноста. Повлекувањето нема негативни последици, освен тоа што нема да можеме да ја продолжиме обработката за потребите на селекција и евентуално учество во Иницијативата.

Можно е, и по повлекувањето на согласноста, во одредени ситуации да продолжиме со обработка на дел од податоците, доколку тоа е:

8. Контакт податоци

Доколку имате било какви прашања, забелешки или други барања поврзани со приватноста на вашите лични податоци, или доколку сакате да ги остварите вашите права како што се објаснети во оваа Политика, можете да не контактирате на:

Е-пошта:
infodiamondmall@limakskopje.com

Или преку контакт податоците објавени на официјалната веб-страница и социјалните мрежи на Diamond Mall.

Со поднесување на пријава и/или со учество во Иницијативата, потврдувате дека сте запознаени со содржината на оваа Политика за заштита на личните податоци, ја разбирате и се согласувате со начинот на обработка на вашите лични податоци како што е опишано погоре.